x

ЗА НАС

Преработувачките капацитети на нашата фирма се наоѓа на самиот магистрален пат Прилеп-Битола (поточно 7km од Прилеп према Битола од левата страна) на плац со површина од 63.000,00 m2.

Опремена е со најсовремени машини за обработка на гранит и мермер од познати италјански производители како "Bombieri & Venturi", "Pedrini", "Fraccaroli & Balzan", "Pellegrini", "Marmo Meccanica", со што е овозможена потполна автоматска обработка на каменот.

Годишниот производствен капацитет е преку 150.000,00 m2.

Нашиот тим од архитекти и инженери е со над 30 годишно искуство во оваа област, со бројни успешно остварени проекти зад себе како во земјава така и во странство.

На нашиот лагер плац можете да најдете голем број на производи почнувајќи од блокови до финални производи во големи количини, со што можеме да излеземе во пресрет на било каков проект.